Данците денеска на референдум ќе ја преоценуваат својата одбранбена политика

Од:

Данците денеска на референдум ќе се изјаснуваат за укинување на 30-годишното изземање од одбранбената и безбедносната политика на ЕУ.

Данска е единствената членка на ЕУ што има вакво изземање, но како и нејзините соседи, Шведска и Финска, ја преоценува својата безбедносна политика откако Русија ја почна војната против Украина, јавува Би-Би-Си.

Според извештаите, анкетите на јавното мислење покажуваат дека Данците поддржуваат поблиски европски одбранбени врски, а резултатот може да влијае на нивната воена иднина, иако земјата е веќе дел од одбранбената алијанса на НАТО.

Данските лидери тврдат дека регионалната безбедносна ситуација е променета и дека тоа е покана за Данска да соработува поблиску со ЕУ за одбранбените прашања.

-Со цело срце верувам дека мора да гласаме „за“. Во време кога треба да се бориме за безбедноста во Европа, треба да бидеме пообединети со нашите соседи, рече премиерката Мета Фредериксен за време на телевизиската дебата.

Изземањето на Данска од одбранбената и безбедносната политика на ЕУ во пракса значеше дека тие не се поканети на состаноци, имаат мало влијание и не можат да учествуваат или финансираат какви било воени операции, наведува Би-Би-Си.

Би можело да ве интересира

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор

Во нападот данската премиерка здоби полесна повреда на вратот

Физички нападната данската премиерка

Предраг Петровиќ

Данска ќе испраќа затвореници во Косово

Горан Наумовски

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген

ВИДЕО: Ја испраќаме целата артилерија што ја имаме во Украина, најави данската премиерка

Катерина Ѓуровски