Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
– На територија на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават пешаците. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, 11 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за некористење на сигурен појас…, соопшти МВР.
– Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.