Во Пловдив денеска ќе биде отворена 15. специјализирана меѓународна изложба за одбранбена техника и услуги „Хемус 2022 – одбрана, антитероризам и безбедност“, што ќе трае до 4 јуни во зградата на Меѓународниот саем во градот, јавува дописникот на МИА од Софија.
На изложбата ќе учествуваат 100 компании од 21 земја. Настанот е во организација на бугарските министерства за одбрана и за економија и индустрија.
На изложувачите, подизлагачите или штандовите ќе присуствуваат компании од Австрија, Австралија, Белгија, Бугарија, Германија, Грција, Израел, Индија, Шпанија, Италија, Литванија, Норвешка, Полска, Романија, САД, Србија, Турција, Финска, Франција , Чешка и Пакистан. Годинава има ново проширување во правец на земјите од Азија и Југоисточна Европа.
Покриената површина на која ќе бидат сместени учесниците е 10.700 метри квадратни, а отворената над 20.000 метри квадратни.
Покрај приватни компании, ќе има и официјални делегации од 12 земји, како и две агенции на НАТО и Европската агенција за одбрана .
На годинашната изложба во Пловдив ќе бидат претставени шест делегации предводени од министри за одбрана и една од заменик министер.
Изложбата е можност да се склучат многу договори поголеми од стотици милиони евра и вклучуваат претставници на производители на оружје.
Изложбата ќе ја отворат бугарскиот министер за одбрана Драгомир Заков и претседателот на државата Румен Радев.