Потпретседателот на Египет Мохамед Ел Барадеј поднесе денеска оставка заради несогласување со одлуката на властите насилно да ги урнат протестните кампови на приврзаниците на соборениот од власт претседател Мохамед Морси во Каиро, што предизвика судири во кои загинаа најмалку 149 луѓе. Оставката ја образложува во писмо до привремениот претседател Адли Мансур.
– Ми стана претешко и понатаму да носам одговорност за одлуки за кои не се согласувам и од чии последици стравувам. За жал, од денешните случувања профитираат само оние кои повикуваат на терор и насилства, а тоа се екстремистичките групи, наведува тој.