Белата куќа остро се спротивстави на воведувањето вонредна состојба во Египет.
Портпаролот на Белата куќа Џош Арнест рече дека насилството означува непочитување од страна на преодната власт во Египет.
Тој ги повика воените лидери на Египет да ги почитуваат основните човекови права на граѓаните на Египет и нагласи дека насилството само го отежнува враќањето на мирот и демократијата.
Администрацијата на Обама досега не даде коментар дали го смета за државен удар соборувањето од власт на претседателот Мохамед Морси.