ВИДЕО: Побарана повисока казна за возачот кој го усмрти битолчанецот Оливер, братот на покојниот повика на разумно постапување

Од:

Покрај семејството и обвинителката Мери Тромбева смета дека казната од 18 месеци затвор е ниска за возачот кој го прегази и усмрти Оливер Петровски во Битола. Обвинителството поднело жалба за казната до Апелациониот суд, од каде очекува истата да биде зголемена. Второстепените судии, ќе треба да одлучат дали казната за возачот е соодветна или истата ќе ја зголемат. Ваквиот чекор на Обвинителството доаѓа и по барање на братот на загинатиот, кој организираше и протест во Битола поради ниската казна.

„По приемот на првостепената пресуда, вложи жалба која се однесува на висината на одмерената кривична санкција“, вели битолското Обвинителство за „А1он“.

Бојан Петровски, брат на загинатиот, апелираше до судиите на битолска Апелација да постапуваат разумно.

„Сега сѐ е во нивни раце. Јас, моето семејство и сите блиски, како и целокупната јавност, внимателно ќе го следиме постапувањето на судиите од битолска Апелација. Првичната цел е постигната“, посочи Петровски.

Повеќе вредат ќебапите за кои крадецот доби три години затвор, од животот на Оливер Петровски кој загина поминувајќи улица за што возачот доби 1,5 години затвор. Ова е ставот на Бојан Петровски, кој за трагедијата говореше во интервју за „А1он“. Тој даде свое објаснување како би се избегнала оваа сообраќајка. Во интервјуто, братот на загинатиот посочи и која казна очекува да ја изрече Апелација, а која била очекувана од Основниот суд во Битола.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

Пет лица се повредени во сообраќајка на три возила на патот Прилеп – Битола

Горан Наумовски

Руско семејство со дете е повредено на автопатот во близина на Бања Лука

Пронајден и приведен e 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Најмалку осум лица загинаа во две сообраќајни несреќи во Унгарија