Јужна Осетија го откажа планираниот референдум за приклучување кон Русија

Од:

Грузискиот отцепен регион Јужна Осетија го откажа планираниот референдум за приклучување кон Русија, што беше закажан на 17 јули.

Претседателот на енклавата под контрола на Москва, Алан Гаглоев, предупреди дека постои „неизвесност за правните последици од референдумот“.

Во указот на Гаглоев се нагласува и „недозволивоста на еднострана одлука за референдум за прашања кои ги засегаат легитимните права и интереси на Руската Федерација“.

Тој нареди „итни консултации со Русија за целиот спектар на прашања поврзани со понатамошната интеграција на Јужна Осетија и Руската Федерација“.

На 13 мај, претходникот на Гаглоев, Анатолиј Бибилов, потпиша указ со кој повикува на референдум, наведувајќи ги „историските аспирации“ на регионот да се приклучи на Русија. Бибилов овој месец загуби на претседателските избори.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов