Вучиќ утре ќе положи заклетва за вториот претседателски мандат

Од:

Претседателот на Србија Александар Вучиќ утре ќе положи заклетва пред пратениците од старото свикување на Собранието на Србија за втор претседателски мандат, јави дописникот на МИА од Белград.

Утре ќе се одржи единаесеттата специјална седница на Народното собрание на Србија, на која претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе положи заклетва и ќе ја преземе функцијата во вториот мандат.

По полагањето заклетва, претседателот ќе се обрати пред пратениците, а на седницата не е предвидена расправа.

Мандатот на Вучиќ истекува на 31 мај, со оглед на тоа што тој ја презеде функцијата истиот ден во 2017 година.

На претседателските избори на 3 април годинава, Вучиќ ја доби довербата на 58,59 отсто од гласачите, односно на 2.224.914 граѓани.

На овие избори гласале 3.811.585 од 6.502.307 запишани гласачи во избирачкиот список, односно 58,62 отсто. Претседателските избори беа повторени на 16 април на 35 избирачки места

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Ќе бараме резолуција за страдањата на Србите во Јасеновац

Горан Наумовски

Вучиќ објави пост за Фицо, па уследија закани по неговиот живот

Горан Наумовски

Вучиќ и ја честиташе победата на Сиљановска-Давкова

Горан Наумовски

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

300 милиони луѓе го гледаа интервјуто на Вучиќ за кинеската телевизија

Горан Наумовски

Вучиќ положи цвеќе во „Рибникар“: „Оваа трагедија остави неизбришлива лузна на душата на цела земја“

А1он