Клеман Бон се надева дека ќе го протурка шестиот пакет санкции за Русија со „силни последици“

Од:

Шестиот пакет санкции против Русија би можеле да го усвојат земјите од Европската унија на маргините на самитот на ЕУ, посветен на Украина, што почнува денеска. Францускиот делегиран министер за Европа Клемент Бон се надева дека ќе го протурка шестиот пакет санкции за Русија со „силни последици“, јави дописникот на МИА.

-Имам добри надежи дека ќе постигнеме договор многу брзо“, рече Клеман Бон, делегиран министер за Европа, во интервјуто за Франс 2. Овие санкции може да вклучуваат ембарго за увоз на руска нафта по море, објасни министерот, кој притоа призна дека за земјите челнки на ЕУ е сè потешко да се договорат за санкции.

Конкретно, зависноста на Унгарија од увозот на руска нафта преку нафтоводот Дружба, што ја поврзува Русија со Европа, ги комплицира преговорите.

„Тешкотијата е поврзана со [нафтата] што минува низ нафтоводот, кој снабдува 100% од земјите како Унгарија“, објасни Клеман Бон. „Плаќаме за годините на зависност“, рече тој.

Поради оваа тешкотија, ембаргото на руската нафта прво треба да се фокусира на транзит на нафта по морски пат, објасни министерот, со што од ембаргото се исклучи нафтата што се транспортира со нафтоводот Дружба.

Клеман Бон рече дека сè уште се надева дека ќе склучи договор „кој ќе има силно влијание“. „Две третини од руската нафта што се увезува во Европа оди по море“, потсети тој. Нафтата транспортирана со нафтоводот би можела да падне под санкциите по втор пат, откако ќе се постигне договор со Будимпешта.

Би можело да ве интересира

Спречен терористички напад врз митрополитот Тихон во Москва

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 200 дронови

Стејт департмент: Русија и САД се договорија за нова средба

Завршија руско-американските разговори во Истанбул

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина