Новата министерка за надворешни работи на Франција Катрин Колона ја посети Буча

Од:

Новата француска министерка за надворешни работи Катрин Колона, која е во посета на Украина, денеска го посети киевското предградие Буча, каде беше извршено масовно убиство на цивили за што украинските власти ги обвинуваат руските сили.

По повлекувањето на руските трупи од локацијата кон крајот на март и откривањето на стотици тела на украински цивили, Буча стана симбол на воени злосторства за кои Украина ја обвинува Русија.

„Ова не треба да се случува, ова никогаш не треба да се повтори“, рече француската министерка за надворешни работи.

„Франција е на страната на Украинците и заедно со своите пријатели и сојузници ќе направи се за да го врати мирот“, рече Колона.

Таа, исто така, го истакна придонесот на Франција во истрагата по наводните воени злосторства, наведувајќи го распоредувањето на француски експерти на лице место што ќе бидат вклучени во истрагата и идентификувањето на телата.

„Ние одговоривме први“, рече Колона изразувајќи надеж дека правната постапка во врска со телата ќе биде завршена што е можно поскоро за да можат семејствата да ги погребаат своите најблиски.

Колона рече дека само резултатите од истрагата спроведена од украинските власти ќе овозможи утвтрдување на идентитетот на одговорните за злосторствата, врз основа на фактите обезбедени и со помош на француските крим-техничари.

Колона е највисокиот француски функционер што ја посетил Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

Би можело да ве интересира

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк

Русите ја зазедоа Михаиловка

(ВИДЕО) Зеленски: Голема битка за Курск, ситуацијата во Доњецк и Запорожје е тешка

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Украинците погодија складиште за нафта во самопрогласената Луганска република

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија жестоко ја нападна Одеса, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем напад на Русија, пожар во магацин за дронови „Шахед“

Катерина Ѓуровски