Екстерно оценување на околу 4.000 ученици во августовската сесија

Од:

На 16-ти и на 19 август ќе бидат полагањата во августовската сесија од екстерното оценување за околу 4.000 ученици кои од различни причини не беа оценети во мај-јуни кога се реализираше тестирањето. Тоа се 2 процента од околу 200.000 основни и средношколци опфатени со екстерното што оваа година се спроведува првпат во Република Македонија.

Ќе полагаат ученици кои по различни основи не ја исполнија обврската на крајот на учебната година и не беа на тестирањето поради отсуство, болест, учество на спортски натпревари, но и ученици кои ќе преполагаат поради технички проблеми на тестирањето пред два месеца.

– Апелирам учениците да се подготват добро за полагањето во августовската сесија. Учениците кои ќе полагаат повторно поради технички проблеми во првата сесија, ќе ги полагаат испитите што им беа дадени во првиот дел од полагањето, изјави министерот за образование и наука Спиро Ристовски, по промоцијата на нови наслови од проектот за превод на илјада стручни книги.

МОН останува на ставот дека екстерното тестирање нема да биде пилот-проект и дека ќе се подобрува и надградува во идните учебни години.

– Екстерното ќе се усовршува уште повеќе за во следната учебна година да биде уште поквалитетно реализирано и со тоа што ќе биде редовна пракса да придонесе за дополнителен квалитет на образовниот систем, додаде Ристовски.

Во врска со намалените квоти на некои од факултетите од општествените науки, министерот посочи дека одлуката е донесена поради нивната суфицитарност и за да не се натрупува кадар кој не ќе може да најде работа по дипломирањето.

– Владата го усвои предлогот на Министерството за образование и наука за намалување на дел од квотите на факултетите од областа на општествените науки. Тоа го диктира пазарот на трудот. Врз основа на анализите со кои расплага МОН, а се од податоците на Агенцијата за вработување и на Државниот завод за статистика, во Република Македонија има реален суфицит на кадар кој завршува на факултетите од областа на општествените науки, додека сериозен е дефицитот на кадар од техничките факултети. Потребите на пазарот на трудот говорат дека студентите кои завршуваат на техничките факултети многу побрзо и многу посигурно ќе обезбедат работно место и затоа Министерството предложи, а Владата усвои, намалување на дел од квотите од општествените науки, а зголемување на квотите на техничките факултети, посочи Ристовски.

Додаде дека глобална политика на Владата на РМ е зголемување на економскиот раст и намалување на невработеноста и поради тоа МОН, рече тој, нема да дозволи продуцирање дополнително невработени лица, туку ќе поттикнува едуцирање кадар што полесно ќе се вработи.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Екстерното тестирање беше една од најголемите антиреформи

Наум Локоски

МОФ: Екстерното тестирање постигна само оштетени ученици и професори и залудно потрешени пари

Наум Локоски

МОН: Укинувањето на екстерното тестирање објавено и во Службен весник

Наум Локоски

ВИДЕО: Укинато екстерното тестирање

Наум Локоски

Законите за укинување на екстерното и локалните избори во скратена постапка во македонското Собрание

Наум Локоски

(ВИДЕО) Дескоска: Утре се укинува екстерното тестирање

Ана Ололовска