Началникот на Генералштабот на турската армија во посета на Бугарија

Од:

Началникот на Генералштабот на турските вооружени сили, армискиот генерал Јашар Ѓулер, е во официјална дводневна посета на Бугарија.

За време на посетата ќе биде разгледана билатералната воена соработка и учество во заеднички иницијативи во сојузнички формат. Ќе се разговара за актуелното безбедносно опкружување и неговото влијание врз регионалната и глобалната стабилност, како и предизвиците со кои се соочува Источна Европа поради војната во Украина.

За време на посетата, армискиот генерал Јашар Ѓулер ќе се сретне и со министерот за одбрана на Бугарија, Драгомир Заков.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател