Борел се надева на постигнување договор во ЕУ за ембарго на руската нафта

Од:

Членките на Европската унија треба да постигнат договор за прашањето за следниот пакет санкции насочени против Русија, што предвидуваат и блокада на увозот на руска нафта, изјави денеска шефот на ЕУ, Жосеп Борел.

„Потребно е јавно да донесеме одлука. Имаше разговори во неделата попладне и ќе ги има утрово, како и во текот на денот“, изјави Борел за францускиот јавен сервис „Франс инфо“.

Тој смета дека попладнево ќе им биде понуден договор на шефовите на земјите-членки на ЕУ.

На прашањето дали плановите за забрана на увозот на руска нафта може да пропаднат поради отпорот на Унгарија и другите источноевропски земји, Борел рече дека „не смета дека ќе биде така“ и оти „на крајот ќе има договор“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Спречен терористички напад врз митрополитот Тихон во Москва

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 200 дронови

Стејт департмент: Русија и САД се договорија за нова средба

Завршија руско-американските разговори во Истанбул

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина