За француската политичка класа инцидентите околу Стад де Франс се „загрижувачки“ настани и „чувство на понижување“ за Франција

Од:

По инцидентите околу натпреварот на финалето од Лигата на шампионите во саботата, Жан-Лук Меланшон и Марин Ле Пен ја осудија неорганизираноста на властите. Едниот жали за „доктрината за употребата на силите на редот“, втората обвинува за „традиционална деликвенција“, јави дописникот на МИА.

Хаосот пред стадионот „Стад де Франс“ во саботата вечерта, на маргините од финалето на Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид, предизвика исто така метеж од политички реакции на телевизиските настапи на француските политичари во неделата. Особено кај опшозицијата на Емануел Макрон, која во инцидентите меѓу полицијата и гледачите видоа напад на имиџот на Франција на меѓународен план. На БФМТВ Жан-Лук Меланшон оценува дека „она што се случи [во сабота навечер] е загрижувачко бидејќи гледаме дека не сме доволно подготвени за настани како Олимписките игри или Светскиот куп во рагби“.

Критикувајќи го безбедносниот систем што го користат УЕФА и Министерството за внатрешни работи на Жералд Дарманин, водачот на Ла Франс инсоумис (Бунтовна Франција) оцени дека „улогата на полицијата е да гарантира спокојство“. „Таму тоа е целосен неуспех на стратегијата. Информациите не вредат ништо: продадени се илјадници фалсификувани билети. Англиските навивачи, кои ги знаеме, не се нежни: ништо не е предвидено. Конечно, луѓето беа третирани како и обично во демонстрациите во Париз, како оние на жолтите елеци, односно се удира во толпата, се пука солзавец, се напаѓаат луѓето во баровите“, обвини тој пред да заклучи: „Ако не бевме подготвени, не требаше да прифатиме“ организација на финалето. Повикувајќи се на преместувањето на ова финале, првично планирано во Санкт Петербург, пред Русија да ја нападне Украина и УЕФА избра, на крајот на февруари, да го организира во Сен Дени.

На страната на Националниот собир (РН), Марин Ле Пен зборуваше на ТВЛЦИ за „чувство на понижување“. „Ние сме набљудувани од целиот свет, и сите главни градови кои го видоа ова открија дека Франција повеќе не можеше да организира големи манифестации без тие да дегенерираат“, рече таа. Две причини за тоа, според неа: „Делумно од неорганизираност за која организаторите ќе треба да се објаснат, а делумно од традиционалната деликвенција, сега класична, што го прави секој настан да се претвори во бунт, обид за грабеж. Врз основа на сведочењата на британските новинари кои спомнаа обиди да упаднат на стадионот од страна на млади локални жители, Марин Ле Пен ги осуди „бандите насилници од Сена-Сен Дени, департман надвор од контрола во однос на безбедноста“.

Истиот рефрен насочен кон Сена-Сен Дени и за Џордан Бардела, вршител на должноста претседател на РН, на Франс 3: „Се соочуваме со неспоредливо дивјаштво во Европа. Кога зборуваме за Франција во светот, тоа е поради нејзините слики на насилство и хаос. Мора да ја запреме имиграцијата и да ја вратиме безбедноста насекаде, почнувајќи од Сен Дени“.

„Вообичаен расистички рефрен“ според Меланшон: „Проблемот минатата ноќ беше доктрината за употреба на органите за спроведување на законот“, рече тој на БФМТВ.

Во твитот во саботата вечерта, министерот за внатрешни работи, Жералд Дарманан, присутен во седиштето за безбедност на Стад де Франс со новата министерка за спорт и Олимписки игри, Амели Удеа-Кастера, го припиша одложувањето на почетокот на натпреварот за половина час, поради инцидентите на „илјадници британски „симпатизери“, без билети или со фалсификувани билети [кои] насилно сакаа да влезат“. Ороре Берже беше една од ретките гласови на претседателското мнозинство што го бранеше Министерот за внатрешни работи во неделата. На РМЦ, таа сакаше да се „потсети на контекстот“: „Ова финале требаше да се одржи во Русија“, а Франција го организираше „за едвај три месеци“.

„Франција знае да организира многу големи меѓународни натпревари и тоа редовно го докажува“, го бранеше таа пред да додаде: „Она што се случи веројатно е, според она што го кажа вчера министерот за внатрешни работи на Стад де Франс, дека имало обиди за упад. со илјадници фалсификувани влезници, со луѓе со добра волја на други места. […] Забележувам и дека немаше прелевање во фанзоните или на излезот од стадионот. На крајот, таа повика „да се разгледа на ладно што се случило“ во саботата.

Префектот на париската полиција, Дидие Лалемент, критикуван од опозицијата за начинот на кој силите на редот се справуваа со демонстрациите на жолтите елеци, одлучи да преземе правна постапка за „масовна измама со фалсификувани билети“ за пристап до финалето на Лигата на шампионите, сметајќи дека тоа „можело да има многу сериозни последици, тешки за безбедноста на гледачите.

Во извештајот до министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин, префектот на париската полиција објаснува дека „смета дека е неопходно да се идентификуваат оние кои се одговорни за оваа огромна измама со фалсификувани влезници што можеше да има многу сериозни последици врз безбедноста на гледачите и за време на пристапот и во самиот стадион“. „Сериозноста на овие факти според мене го оправдува упатување до јавниот обвинител“, пишува Лалемент.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт