Единството на ЕУ почнува да се распаѓа предупредува германски министер

Од:

Германскиот министер за економија Роберт Хабек денеска изрази страв дека единството на Европската унија „почнува да се распаѓа“, пред самитот на лидерите на ЕУ на кој треба да се дискутира за ембарго на нафтата од Русија и плановите за намалување на зависноста од руската енергија.

– По нападот на Русија врз Украина, видовме што може да се случи кога Европа е обединета. Имајќи го предвид утрешниот самит, да се надеваме дека така ќе продолжи. Но, веќе почнува да се распаѓа, изјави Хабек на прес-конференција на отворањето на трговскиот саем во Хановер.

Тој побара од Германија на самитот „да зборува со еден глас“ и да не се воздржува од гласање поради разликите во мислењата во владејачката коалиција, повикувајќи ги другите членки на ЕУ да бидат обединети.

– Европа е сè уште огромна економска област со неверојатна економска сила. И кога е обединета, може да ја искористи таа моќ, нагласи Хабек.

Лидерите на ЕУ утре и во вторник ќе разговараат за новиот пакет санкции против Русија, што би можел да вклучи и ембарго на нафта, како и програма насочена кон забрзување на прекинот на зависноста од фосилните горива, вклучително и рускиот гас.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт