(ВИДЕО) Шиповиќ до советниците на ВМРО-ДПМНЕ: Извинете се или ќе ве тужиме!

Од:

Вчера лично отидов во полициската станица „Беко“, за да проверам дали била поднесена пријава за физички напад врз кој било од советниците на ВМРО-ДПМНЕ. Ме известија дека таква пријава не постои, изјави денеска Мирослав Шиповиќ, претседател на Советот на општина Центар.

– За потсетување, минатата недела, на првата вонредна седница на Советот на општина Центар, на седми август, советниците од ВМРО-ДПМНЕ, предводени од Илија Илиоски, пред јавноста пласираа информација за физички напад, кој врз нив, наводно, го извршиле активисти на ЛДП и СДСМ. Тоа што и после шест дена, не постои никаква пријава до надлежните органи, ни дава за право да оцениме дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ намерно давале лажни изјави, за со нив да го оправдаат своето отсуство и да манипулираат со јавноста – рече тој.

Тој праша зошто советниците од ВМРО-ДПМНЕ чесно не кажат дека го поддржуваат сечењето на паркот пред „Бристол“, поради што, како што истакна тој, и отсуствуваа од вонредната седница.

– Ги повикувам советниците од ВМРО-ДПМНЕ, најдоцна до утре да се извинат за искажаните невистини. Во спротивно ќе одговараат не само пред граѓаните, туку и ќе поведам постапка пред надлежен суд – порача Шиповиќ.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории