Русија протера хрватски дипломати, Хрватска најави одговор

Од:

Протерувањето на хрватските дипломати од Москва е нелегитимно и Загреб ќе ги разгледа дополнителните чекори кон Москва, соопшти денеска Министерството за надворешни и европски работи (МВЕП). Претходно денеска Русија протера петмина вработени во хрватската амбасада во Москва како одговор на протерувањето на руските дипломати и персоналот на амбасадата во Загреб во април.

Во Зрињевац сметаат дека одлуката на Москва нема легитимна основа бидејќи се работи за вработени кои професионално ги извршувале своите работни задачи согласно Виенската конвенција за дипломатски и конзуларни односи и затоа што сегашниот број на вработени во хрватската амбасада во Русија одговара на бројот на вработени во руската амбасада во Хрватска.

„Затоа, Хрватска ќе ја анализира оваа одлука на руските власти и ќе ги разгледа понатамошните чекори и процедури“, се вели во соопштението.

„Хрватска и нејзините партнери водат принципиелна политика во однос на почитување на меѓународното право и во осуда на руската агресија, како и обезбедување дополнителна помош за Украина“, соопшти Министерството.

Руското Министерство за надворешни работи во петокот му врачи дипломатска нота на хрватскиот амбасадор во Москва со барање за заминување на тројца дипломати и двајца административно-технички персонал.

„Како одговор на непријателските чекори преземени претходно од Загреб за намалување на големината на руската дипломатска мисија, (хрватскиот амбасадор) Томислав Цар доби нота во која петмина вработени во хрватската амбасада во Москва ги прогласи за „персона нон грата““, соопшти руското Министерство.

Министерстовото наведе дека на хрватскиот амбасадор му бил изразен „жесток протест поради неоснованите обиди на хрватските власти да ја обвинат Русија за воените злосторства во Украина и да му пружат воена помош на неонацистичкиот режим во Киев“.

На 11 април, Хрватска објави дека протерала 18 руски дипломати и шестмина членови на административно-техничкиот персонал од амбасадата во Загреб.

Еден ден подоцна, Руската Федерација силно протестираше до хрватските власти и се закани со возвратни мерки.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад на функционер во Русија, тројца мртви

Катерина Ѓуровски

Хрватите негодуваат на концертите на Александра Пријовиќ: „Системски план на српскиот свет“

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите