Околу пладне, од полициска станица, осомничените за измамата вредна 1,5 милиони евра за купување ниви во Делчево се спроведуваа во Кривичниот суд. Наместо преку службениот влез, со возила тие беа внесени преку гаражата на судот.
Претходно, Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица, од кои за двајца постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело.
Обвинителството достави предлог за определување мерка притвор за шестмина осомничени, додека за една осомничена се предложени мерки на претпазливост.