Америка се подготвува да и го испрати на Украина најмоќното оружје досега

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се подготвува да го испрати во Украина оружјето што нападнатата земја го бара веќе подолго време како приоритет број еден – напредни ракетни системи со долг дострел

Според Си-Ен-Ен, САД се наклонети кон испраќање на овие системи како дел од поголем пакет воена и безбедносна помош за Украина. Конечната одлука би можела да биде објавена следната недела.

Имено, највисоките украински функционери, вклучително и претседателот Володимир Зеленски, во последните недели бараа од Соединетите Држави и нивните сојузници да испратат повеќецевни ракетни фрлачи (MLRS) во Украина. Ваквите американски системи можат да истрелаат низа проектили со дострел од стотици километри, што е значително повеќе од кое било оружје со кое Украина моментално располага. Имено, Украинците тврдат дека ова оружје може да донесе предност во борбата против руските окупатори.

Друго оружје што Украина го бара е HIMARS (High Mobility Artillery Rocket System), високомобилен систем кој може да истрела серија проектили какви што користат и од повеќецевни ракетни фрлачи.

Во последните недели Русија ги насочи сите свои напори на источниот регион Донбас. Украинците се најдоа таму соочени со руската супериорност во работна сила и оружје.

Администрацијата на Бајден досега не сакаше да испрати такво оружје поради стравувањата дека Украинците би можеле да ги користат тие системи за офанзивни напади на руска територија, изјавија американски официјални лица за Си-Ен-Ен.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски