Британско разузнавање: Најголемиот притисок на Русија е врз Северодонецк

Од:

Копнените сили на руската армија продолжуваат со обидите да ги опколат Северодонецк и Лисичанск и неодамна окупираа неколку села северозападно од Попасна, објави британското Министерство за одбрана во најновиот извештај на военото разузнавање.

Најголемиот притисок на Русија е врз Северодонецк, но Украина се уште има контрола врз неколку добро одбранети сектори, поради што Русите сè уште немаат целосна контрола врз Донбас.

Во последните денови, руските сили веројатно извлекле тенковите Т-62 од складиштето, стари 50 години и ги префрлиле во јужна Украина, се вели во извештајот. Овие тенкови ќе бидат особено ранливи на противтенковско оружје и го нагласуваат фактот дека Русија нема модерна опрема подготвена за борба, тврдат британските разузнавачи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците погодија складиште за нафта во самопрогласената Луганска република

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија жестоко ја нападна Одеса, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем напад на Русија, пожар во магацин за дронови „Шахед“

Катерина Ѓуровски

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русите: Ја презедовме контролата

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор