Два нови случаи на оштетување возила во Грција

Од:

Два нови случаи на оштетувања возила се пријавени од македонски државјани кои престојувале во Грција, со што вкупниот број на вакви инциденти летово се искачи на 55 случаи, соопшти МВР.

На Граничниот премин „Богородица“, Д.С. од Скопје, кој управувал патничко возило „Сеат Кордоба“, со скопски регистерски ознаки, вчера пријавил дека во градот Солун, возилото му било изгребано со непознат предмет на левата и десната страна од задниот браник. Оштетувањето не е пријавено во грчката полиција.

Во вториот случај, на Граничниот премин „Богородица“, Т.А. од Скопје, кој управувал патничко возило „Мерцедес“, со скопски регистерски ознаки, пријавил дека во туристичкото место Платемона му биле одземени предната и задната регистерска табличка. Оштетувањето го пријавил и во грчката полиција.

– Со овие две новорегистрирани случаи, во изминатиот период од страна на нашата гранична полиција евидентирани се вкупно 55 оштетувања на возила и одземања на таблички. Од 55-те оштетувања кои ги пријавиле македонските државјани, 38 се кражби на регистарски таблички, од кои во 26 случаи се украдени обете таблички.

Предничи туристичкото место Ханиоти каде што досега се евидентирани 13 кражби и Неа Пори со шест кражби. По однос на оштетените возила бројката на вакви настани сега нараснала на 14 случаи, стои во соопштението од МВР.

Од вкупниот број случаи 35 се пријавени од страна на македонски државјани и на грчката полиција, но досега МВР се уште нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите. Инаку, 29 од македонските граѓани кои пријавиле кражба или оштетување се од Скопје, а останатите од други места во државава, посочуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) На автопат во Грција вози со 310 км/ч, „лудувањето“ го објави на ТикТок

А1он

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

WSJ: Лобист на „Актор“ ја придружувал амбасадорката на САД на состаноци низ Балканот, Гилфојл ја промовирала компанијата

ВИДЕО: Експлозија во центарот на Атина, се урна дел од зграда