Двајца битолчани истепале полицајци пред салата „Боро Чурлевски“

Од:

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица, од кои за едниот постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, додека другиот сторил кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 1 од Кривичниот законик.

Двајцата битолчани, на 22 мај, на паркингот пред Спортската сала „Боро Чурлевски“, физички нападнале тројца полициски службеници кои вршеле работи на јавната безбедност – обезбедување на спортски натпревар.

Осомничените се затрчале кон навивачите на кошаркарскиот клуб МЗТ – Скопје кои влегувале во салата со полициска придружба и не ја послушале усната наредба од полициските службеници да застанат.

Првоосомничениот со тупаници ги удирал оштетените полициски службеници, нанесувајќи им телесни повреди. Вториот осомничен, пак, ги влечел при што му ја искинал службената униформа на еден од полицајците.

За првоосомничениот до судијата на претходна постапка надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор, со оглед на тоа што тој и претходно се јавувал како сторител на кривични дела, па би можел да го повтори делото или да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон​.​

Би можело да ве интересира

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Откриена нелеглана плантажа на канабис во Струмичко