ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е на економското дно во регионот, после ребалансот кризата уште ќе се влошува

Од:

Владата на СДСМ и ДУИ е виновна поради економската катастрофа која ни се случува. Македонија има најмал раст на БДП во регионот, Македонија има најмалку странски инвестиции во регионот, Македонија со двоцифрена инфлација има една од најголемите стапки во Европа и регионот, Македонија е една од најкорумпираните и најсиромашните држави во Европа. Ете ова е резултатот од политиките на оваа власт велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– И сега со ребалансот на буџетот потврдуваат дека немаат никаква визија како да се справат со кризите кои самите ги разгоруваат. Со ребалансот се кратат капиталните инвестиции, кои во секоја нормална економија се двигател на развојот. Со ребалансот се предвидува намален раст на БДП за оваа година за 1,4% што значи дека за истиот процент ќе порасне и долгот на државата. Долгот веќе е 7 милијарди евра со тенденција до крајот на годината да стигне 8 милијарди евра. Наместо да се засрамат од СДСМ се гордеат што во буџетот за 2022 година имаат стотици милиони евра непродуктивни трошоци. Овие стотици милиони евра доколку беа наменети за стопанството и граѓаните од почетокот на годината немаше да има 4000 затворени компании за три месеци, немаше да има над 35% граѓани во ризик од сиромаштија, немаше да има половина милион лица кои живеат само со 150 денари дневно, немаше да има вртоглава инфлација на основните животни потреби од 30 до 100%, немаше да има страв и неизвесност се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски