Над 850 француски претпријатија се преселиле во Швајцарија од почетокот на годинава, со цел да ги намалат задолжитeлните давачки кои ги имаат во Франција, го пренесува пишувањето на Тагес-Анцајгер дописникот на МИА од Париз.
„Француско-швајцарската трговска комора пресметала дека повеќе од 850 претпријатија во кој акцинери се Французи се регистрирале во Швајцарија од почетокот на годинава“ пишува швајварскиот весник на гермаснки јазик. Минатата година нивната бројка достигнала 611.
Француските претпријатија бараат даночни олеснувања и затоа се преселуваат кон земјите каде тие давачки се пониски со цел да направат заштеди, нагласува Тагес-Анцајгер.
На пример за една плата од 10.000 швајцарски франци (8000 евра), социјалните давачки изнесуваат 32 отсто во Швајцарија, а во Франција достигнуваат 65 проценти.
Ако француските претпријатија ги преселуваат своите социјални седишта од другата страна на границата, производството се уште останува во Франција.