Кипарските Турци бараат прашањето за природниот гас да се вклучи во преговорите за островот

Од:

Турската страна во Кипар бара темата за природниот гас да се вклучи во дневниот ред на преговорите за поделениот остров, што се очекува да бидат обновени во текот на есента, предупредувајќи дека во спротивен случај ќе предложат како решението на кипарскиот проблем на островот да има две држави, соопшти весникот „Филелефтерос“.

– Или темата за природниот гас ќе биде разгледана и турската страна ќе добие дел и бенефиции или солуцијата за две држави на островот ќе биде поставена како варијанта за решение на проблемот, изјави Осман Ертуг, советник на кипарскиот турски лидер Дервиш Ероглу.

Турската страна испраќа порака до кипарските Грци дека ако се искрени за ова прашање и не гледаат на преговорите како на игра за пролонгирање, тогаш треба да дојдат и да ни кажат дека ќе соработуваме за прашањето за природниот гас, како што кажа и турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу. За да може целиот остров да има корист од синото гориво. Ако не сте согласни, тогаш ќе разгледуваме решение за две држави во Кипар, рече Осман Ертуг за весникот „Хабердар“.

Советникот на Дервиш Ероглу истакна дека активностите на Република Кипар за прашањето за природниот гас и спогодбата со Израел и со странските компании ги усложнуваат преговорите за проблемот.

Според него, оваа турска позиција се прифатила и од порано. Тој уште додаде дека кипарските Турци исто така имаат права врз природниот гас во Кипар.

Осман Ертуг изјави дека очекува преговорите за Кипар да се обноват во октомври.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ