Група од најмалку десет лица во Пекинг се обиделе да извршат самубиство, пиејќи пестицид, јавија кинеските медиуми.
Некои од нив носеле маици со натпис „Железница Харбин“, а се претпоставува дека веројатно станува збор за вработени во таа компанија, кои стравуваат дека ќе добијат откази, откако во март беше укинато кинеското Министерство за железници и беше споено кон Министерството за сообраќај.
Обидот за групно самоубиство се случил во една улица покрај западната железничка станица во Пекинг, која е една од најфреквентните сообраќајници во градот.
Полицијата и брзата помош ги пренеле жртвите во болница, но засега нема информации за тоа дали некои од нив починал.
Пиењето на пестицид е еден од честите начини на самоубиство во руралните предели на Кина.