Руденко: Русија е подготвена да отвори хуманитарен коридор за превоз на храна со бродови од Украина

Од:

Русија е подготвена да обезбеди хуманитарен коридор за бродовите кои превезуваат храна од Украина, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Андреј Руденко, пренесен од руските медиуми.

Русија, додаде Руденко, ќе размисли и за размена на затвореници со Украина, откако ќе ги осуди некои од оние кои се предале на руските сили.

Британските медиуми пренесуваат дека руските власти и властите на самопрогласените ДНР и ЛНР наведуваат дека на некои од украинските борци кои се предале треба да им се суди за воени злосторства.

Руденко кажа и дека е рано за евентуално формирање на руска воена база во областа Херсон, која сега е под контрола на руските сили.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците погодија складиште за нафта во самопрогласената Луганска република

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија жестоко ја нападна Одеса, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем напад на Русија, пожар во магацин за дронови „Шахед“

Катерина Ѓуровски

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русите: Ја презедовме контролата

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор