Министерството за внатрешни работи известува дека во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
– На територија на град Скопје изречени се вкупно 88 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се девет мерки за користење на мобилен телефон, четири санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за возење под дејство на алкохол…, соопшти МВР.
– Сообраќајните контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.