Десетици луѓе беа убиени во напад на групата исламски екстремисти Боко Харам во североисточна Нигерија, соопштија денеска локалните власти.
Нападот се случил во нигериската држава Борно, каде бунтот што го започнаа екстремистите трае повеќе од 10 години.
Портпаролот на локалната самоуправа Сулејман Идрис изјави дека потрагата по телата на убиените се уште е во тек, а властите денеска дознале за нападот што се случил во неделата.
Боко Харам почна бунт против западното образование и воспоставувањето на шеријатскиот закон во Нигерија во 2009 година.
Според податоците на ОН, екстремистите досега убиле 35.000 луѓе во Нигерија, а 2,1 милион се раселени поради конфликтот.
Извор: МИА