Најмалку една жртва во престрелка за време на рација во Рио де Женеиро

Од:

За време на рација во Рио де Женеиро дојде до жестока престрелка во која загина најмалку едно лице загина, а 11 се ранети.

Полицијата во Рио де Женеиро упадна во фавелата Вила Крузеиро, во акција на апсење на водачи на криминални групи, соопшти полицијата. Во рацијата учествувале и припадници на бразилската жандармерија.

Во соопштението се наведува дека пред почетокот на акцијата бил отворен оган врз полицијата и жандармеријата и оти дошло до судир при што едно лице загинало, а 11 се ранети. Локалните медиуми јавуваат дека во престрелката загинале повеќе од 10 лица.

Во полициската акција се запленети 16 возила и 13 автоматски пушки, како и рачни бомби и пиштоли.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск