Орбан бара да не се разговара за нафтата на претстојниот ЕУ самит

Од:

Унгарската Влада испратила писмо до Европскиот Совет со барање да не се става руската нафта на дневен ред на лидерскиот самит на ЕУ на 30 и 31 мај, јави дописничката на МИА од Брисел.

Високи дипломатски извори во Советот потврдија дека претседателот Шарл Мишел го добил писмото на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, и додаваат дека за сега нема формална реакција од Мишел.

Претседателот на Европскиот Совет, кој претседава со самитот, продолжува да се консултира со лидерите на 27-те земји членки пред самитот, и ова е една од темите на кои тој работи.

Унгарија го блокира шестиот пакет санкции на ЕУ врз руската нафта предложен од Европската Комисија. Комисијата сака до крајот на оваа година земјите на ЕУ целосно да го прекинат увозот на руска нафта и нафтени производи. Унгарската влада, иако доби пролонгирање во предлогот на Комисијата, сепак не е задоволна и вели дека со оваа мерка нејзината економија би претрпела преголема штета.

Во име на Европската Комисија попладнево потпретседателот Валдис Домбровскис порача дека е важно да се „оди напред со шестиот пакет санкции“, но дека дневниот ред на Европскиот Совет не го одредува Европската Комисија.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија