Руската офанзива во Донбас, регион во источна Украина, е „најголемата офанзива на европско тло од Втората светска војна“, објави украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба на Твитер.
Кулеба ги повика сите сојузници на Украина да го забрзаат снабдувањето со оружје и муниција, особено со повеќецевни ракетни фрлачи, артилерија со долг дострел и оклопни транспортери.
„Руската офанзива во Донбас е безмилосна“, напиша Кулеба на Твитер, додавајќи дека е премногу рано да се заклучи дека Украина веќе го има сето оружје што и е потребно.
Претходно руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили извршиле воздушен напад врз складиштето за муниција во Донбас, каде биле сместени гранати за американските хаубици М777. Овие тврдења не можеа да се потврдат.