Реакција на Кремљ за првата пресуда против руски војник за воени злосторства во Украина

Од:

Откако 21-годишниот руски војник Вадим Шишимарин денеска беше осуден на доживотен затвор во Киев за убиства на цивили во Украина, стигна првата реакција од Кремљ.

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, рече дека Кремљ е „загрижен“ за Шишимарин и дека „ќе бара начини да му помогне“.

„Секако дека сме загрижени за судбината на нашиот граѓанин. Немаме многу можности да ги заштитиме неговите интереси. Но, тоа не значи дека нема да ја разгледаме можноста да му помогнеме преку други канали“, рече Песков, без да објасни на што мисли со „други канали“.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот