Приведен криумчар на мигранти

Од:

26-годишен скопјанец е приведен на патот Смоквица-Демир Капија бидејќи во патничко моторно возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки превезувал шест лица- мигранти од Сирија и Авганистан.

И.Б. при обид да биде сопрен од полициски службеници, не застанал, и на место викано „Црвени брегови“ со возилото удрил во патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.К. од Гостивар. Известен е јавен обвинител. И.Б. е задржан во Полициска станица Неготино и по насока на јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 418-б,ст.2 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Овчарот по кој се трагаше цела ноќ пронајден мртов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шестгодишно дете возело електричен тротиент, се судрило со мотор и тешко е повредено

Му зеле 22.500 евра, измамници му ветувале дека ќе му завршат работа да купи државно земјиште

Починато петмесечно бебе донесено на Детска клиника

15-годишник избодел врсник во основно училиште во Гази Баба