Израелската армија утринава изведе воздушен напад врз Појасот Газа, откако оттаму беа истрелани ракети – на само неколку часа пред обновувањето на израелско-палестинските мировни преговори, пренесоа француските медиуми.
Според израелски воен портпарол, биле нападнати две лансирни рампи за истрелување раекти, откако вчера од Појасот Газа биле истрелани две ракети, од кои едната експлодирала на територијата на Израел, без да предизвика жртви.
– Хамас ја носи одговорноста за секое нарушување на израелскиот суверенитет.
Терористичкиот режим треба да ја понесе одговорноста за секоја терористичка активност, што доаѓа од Појасот Газа, изјави израелскиот порпарол, цитиран од француските медиуми.
Појасот Газа е под контрола на Хамас – главното исламистичко палестинско движење, кое е против обновувањето на израелско-палестинските преговори под патронат на САД.