Ковачевски – Фасино: Прашањето на почеток на преговорите со С. Македонија е неопходен одговор за безбедноста на Европа

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски пред почетокот на официјалната и работна посета на Италија и Ватикан денеска се сретна со претседателот на Комисијата за надворешни работи на Домот на пратениците на италијанскиот парламент Пјеро Фасино.

Како што соопштуваат од Владата, на средбата било истакнато традиционалното пријателство меѓу Република Северна Македонија и Република Италија кое постојано се унапредува на највисоко институционално ниво кое е втемелено на заедничките европски вредности.

Премиерот Ковачевски на средбата се заблагодари за силната поддршка за европските перспективи на нашата земја која беше и формално изразена со резолуцијата на Парламентот на Република Италија во која италијанските народни претставници побараа ЕУ да го продолжи проширувањето со итно започнување на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија, како приоритетно прашање со која ќе биде потврдена европската перспектива на Западен Балкан.

Премиерот Ковачевски и претседателот на Комисијата за надворешни работи на Домот на пратениците на италијанскиот парламент Пјеро Фасино изразија согласност дека прашањето на почеток на преговорите на Брисел со Северна Македонија е неопходен одговор на потребата за безбедноста на Европа, се вели во соопштението на Владата.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ

Ковачевски: Не е точно дека со ДУИ договараме бојкот на изборите на 8 мај

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Денеска е првиот чекор кон големата одлука

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Закани и блокади не враќаат назад во минатото, никој не смее да си поигрува со иднината на државата

Ковачевски: Македонија, нема повеќе време за чекање, нема откажување од иднината