Зеленски со онлајн говор го отвора годинашниот Светски економски форум во Давос

Од:

Војната во Украина, пандемијата на коронавирусот и климатските промени се доминантните теми на годинашниот Светски економски форум (СЕФ) што од утре до четврток ќе се оддржи во Давос, јави ДПА.

Меѓу другото, на форумот светските лидери, бизнисмени, политичари и аналитичари ќе разговараат и за последиците од војната врз синџирите за снабдување, снабдувањето со енергија и безбедноста на храната.

Првиот говор на СЕФ годинава му е препуштен на украинскиот претседател Володимир Зеленски, иако тој ќе се реализира онлајн. Подоцна како гости на форумот се очекува да се обратат и градоначалникот на Киев Виталиј Кличко и неговиот брат Владимир.

Утре претпладне се очекува да зборува и германскиот министер за економија Роберт Хабек кој на панелот ќе објаснува како Германија да стане помалку зависна од руската енергија, пренесува ДПА.

Германскиот канцелар Олаф Шолц говорот во Давос треба да го одржи во четврток.

На четиридневниот состанок во швајцарските Алпи, за меѓународните проблеми ќе разговараат речиси 2.500 учесници од политиката, бизнисот и општеството.

Мотото на овогодинешниот состанок е „Историјата во пресвртна точка: владини политики и бизнис стратегии“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пендаровски на дипломатскиот дијалог за Западен Балкан во Давос

Лајен во Давос го најави Зелениот индустриски план

А1он

Пендаровски во Давос: Во регионот има две чувствителни точки – Република Српска и северот во Косово

Катерина Ѓуровски

Анкетите спроведени пред форумот во Давос предвидуваат глобална рецесија во 2023 година

А1он

Политичките лидери пристигнуваат во Давос, на Илон Маск настанот „му звучи досадно“ и нема да присуствува

А1он

Почнува Светскиот економски форум во Давос

Ана Ололовска