Италијански научници од Институтот за билна вирологија во Милано (Istituto di Virologia Vegetale di Milano), на чело со докторот Марчело Ирти, наведуваат дека грозјето е полно со мелатонин, хормон кој учествува во регулирање на циклусот на сонот и будноста.
Кај луѓето хормонот мелатонин го лачи пинеалната жлезда во мозокот, при што нивото на мелатонин се зголемува навечер како поттикнувач на сонот, а опаѓа како што наближува денот.
Експертите тестираа екстракти од осум сорти грозје (Nebbiolo, Croatina, Sangiovese, Merlot, Marzemino, Cabernet Franc, Cabernet Sauvignon и Barbera), на присуство на мелатони, при што користеле два различни тестови за мелатонин.
Тие тогаш докажале присуство на мелатонин во различни концентрации, што зависело од сортата на грозје, а сортите Nebbiolo и Croatina имале најмногу присуство на хормонот.