(ВИДЕО) Каевски: Осудениот криминалец Груевски откри нови работи, дали Арсовска е неговиот контакт?

Од:

„Вчерашната пресуда за предметот „ТНТ“ во кој осудени се Никола Груевски, Миле Јанакиески и Тони Трајковски уште еднаш потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија“, рече Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Вообичаено, веднаш по изрекувањето на пресуда со свој став излезе повеќекратниот осуденик во бегство, Никола Груевски.

Но овој пат Груевски откри нови работи, односно дека тој бил во комуникација со актуелен градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Дали Данела Арсовска е градоначалникот и контактот на Груевски со кој тој комуницира редовно?

Дали Груевски редвоно комуницира и со други градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ? Објавата на Груевски само го потврдува она што СДСМ го тврди, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ се уште е управувана од Будимпешта, а Христијан Мицкоски е само извршител на Груевски.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не го осудуваат и не се оградуваат од криминалите, туку напротив тие ги бранат криминалците во своите редови.

Заради нарачаките на Груевски ВМРО-ДПМНЕ во време на криза го блокира Собранието, работи на штета на интересите на граѓаните и државата. Секојдневно се потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски е непроменета, криминална и режимска партија управувана од Будимпешта“, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он