Проруски хакери нападнале сајтови на италијански државни институции

Од:

Проруски хакери нападнале интернет-страници на неколку италијански државни институции и министерства, соопшти денеска полицијата во Рим.

До 10 часот изутринава не беше можно да се пристапи до сајтовите на италијанското Министерство за надворешни работи и на Националната асоцијација на судии.

Нападот почнал околу 22 часот синоќа, а го извршила хакерската група „Килнет“, соопшти италијанската група за кибер-безбедност „Јарикс“.

Сличен напад имаше и на 11 мај, а минатата седмица полицијата соопшти дека нивните служби одбиле и кибер-напад на изборот за песна на Евровизија.

Полицијата и двата напади и ги припиша на групата „Килнет“ и нејзината подгрупа „Легија“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија