Утре пред црквата Свети Анте во Белград ќе биде извршено опело за Матеј Периш, чие безживотно тело беше пронајдено по 139-дневна потрага. Како што е најавено, телото ќе биде изложено во црквата од 15 до 17 часот.
– Утре во 17 часот ќе има опело и последно збогување од Матеј пред црквата Свети Анте, рече таткото Ненад Периш.
Телото потоа ќе биде испратено во Сплит, каде ќе биде погребан, информираат српските медиуми.
Матеј Периш исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември во близина на салата Бетон во Белград, а неговото тело вчера беше пронајдено кај Ада Хуја.