Руденко: Отворањето на украинските пристаништа бара ревизија на санкциите кон Русија

Од:

Официјална Москва денеска соопшти дека исполнувањето на повикот на ОН за отворање на украинските пристаништа на Црното Море за да се дозволи извоз на жито ќе бара преиспитување на санкциите кон Русија, пренесоа руските медиуми.

Директорот на програмата за храна на ОН (WFP) Дејвид Бисли вчера го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги отвори пристаништата на Црното Море.

-Ако и малку имате срце, ве молиме отворете ги пристаништата, рече Бисли.

FWP прехранува околу 125 милиони луѓе и купува 50 отсто од житото од Украина.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Руденко денеска изјави дека „покрај обраќањето до Руската Федерација, мора длабоко да погледнете и во сложеноста на причините што ја предизвикаа актуелната криза со храна и, пред сè, има санкции од САД и ЕУ против Русија што ја попречуваат нормалната, слободна трговија, вклучувајќи ги и прехранбените производи, како пченицата, ѓубривата и другите производи“.

Украина, еден од најголемите светски производители на жито, извезуваше најголем дел од своите производи преку пристаништата на Црното Море, но е принудена да ги извезува своите стоки со железница или преку помали речни пристаништа откако руските војници извршија инвазија врз земјата.

Украина е спречена да ги користи пристаништата на Црно и Азовско Море, а во текот овој месец извозот на жито е преполовен во споредба со истиот месец минатата година.

Русија и Украина заедно произведуваат една третина од светските резерви на пченица. Украина е исто така главен производител на пченка, јачмен, сончогледово масло и маслодајна репка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски