Арестович: Украина нема да прави компромис со Русија

Од:

Советникот на украинскиот претседател Алексиј Арестович изјави дека Украина нема да направи компромис со Русија и оти нема да се откажи од територија.

– Единствена опција за помирување е капитулација на Русија, повлекување на трупите и разговор за отштета. Тоа е принципиелниот став на Владата, посочи Арестович.

Тој додаде дека некои држави сакаат повторување на договорот од Минск, со кој безуспешно се обидуваа да стават крај на војната во украинскиот регион Донбас во 2014 година, а други земји ќе се обидат да преговараат.

– Нема да има опција во која ќе им дозволиме на Русите да останат овде, посочи Арестович.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски