Ковачевски – Макрон: Нема време за губење

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска имаше телефонски разговор со претседателот на Република Франција Емануел Макрон на кого му ја честиташе победата на претседателските избори и му посака успешен втор мандат како шеф на државата, информираат од Владата.

Премиерот Ковачевски го честиташе и изборот на премиерка на Француската Република, Елизабет Борн, и истакна дека од воспоставувањето на дипломатските односи пред 29 години, двете земји негуваат силни билатерални односи.

Претседателот на Владата Ковачевски го нагласи интензивниот политички дијалог во последните неколку години и ангажманот на претседателот Макрон и Република Франција во однос на процесот на проширување на ЕУ и интеграцијата на Северна Македонијa, велат од Владата.

Нема време за губење, се согласија премиерот Ковачевски и претседателот Макрон и потенцираа дека натамошното одложување може да има сериозни регионални последици и широко ја отвора вратата за зголемено влијание на трети страни во регионот што прашањето за проширување на ЕУ со Западен Балкан го прави сериозно безбедносно прашање.

Во однос на билатералните односи, традиционалното пријателство меѓу двете земји, споделија Ковачевски и Макрон се збогатува со интензивирање на економската соработка која во изминатата година доби ново поглавје со влегувањето на Француската агенција за развој во Северна Македонија, соопштуваат од Владата.

Би можело да ве интересира

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ