Борисов: Русија користи ласерско оружје во Украина

Од:

Русија користи ласерско оружје во своите воени операции во Украина, изјави рускиот вицепремиер Јуриј Борисов и додаде дека се работи за ласерскиот комплекс Задира, кој може да погоди цели до пет километри.

– Овие комплекси веќе почнуваат да влегуваат во употреба. Првиот од нив е веќе се употребува, изјави Борисов за Првиот канал на руската државна телевизија.

Тој објасни дека најновиот ласерски комплекс Задира е помоќен од неговиот претходник Пересвет, кој може да ги заслепи извидувачките сателити до 1.500 километри. „Задира“ нанесува физичко оштетување на објекти на оддалеченост до 5 километри, со термички ефект. Според Борисов, таков комплекс може „слободно да собори различни класи на беспилотни летала“, избегнувајќи употреба на скапи ракети „Панцир“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина