Нехамер: Австрија беше, е и ќе остане неутрална, членството во НАТО не е опција

Од:

Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска во Прага истакна дека членството во НАТО за Австрија не доаѓа предвид.

-Австрија беше, е, и ќе остане неутрална, рече тој за време на посетата на Чешка.

Според Нехамер, не се поставува прашањето за членството на Австрија во НАТО, бидејќи, како што кажа, има сосема поинаква историја од Шведска и Финска. Тој потсети дека двете земји се прогласиле за неутрални и имаат заедничка граница со Русија.

-Затоа постои разбирање дека тие сакаат да се приклучат кон воената алијанса, но за Австрија тоа не доаѓа предвид, нагласи Нехамер.

Канцеларот кажа и дека Австрија е целосно солидарна со Украина во рамките на ЕУ.

Австриската министерка за одбрана Клаудија Танер, исто така, истакна дека секоја земја сама треба да одлучи дали ќе влезе во сојуз.

Во Австрија, посочи таа, состојбата уставно-правно е јасна и неутралноста е дел од Уставот.

Танер, исто така, кажа и дека „неутралноста е во срцата на Австријците“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Авион кој полетал од Бања Лука се урна во Австрија

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он