Мицотакис: Треба да се задржи жива и опиплива ЕУ перспективата на Балканот

Од:

Поддршка за ЕУ перспективата на регионот, со порака дека треба да се задржи жив и опиплив процеост, изрази грчиот премиер Кирјакос Мицотакис, во неговиот говор на приемот организиран во Белата куќа, по средбата со американскиот претседател Џо Бајден, јави дописничката на МИА од Атина.

-Балканот е исто така доста кревок. Треба европската перспектива да ја одржиме жива и опиплива. Грција е столб за регионален просперитет и безбедност и секогаш ќе бараме мирни средства за решавање на нашите несогласувања со соседите. Убеден сум дека можеме да го постигнеме тоа, истакна Мицотакис во делот посветен на регионот.

Меѓу другото, грчкиот премиер се осврна и на енергетиката и новиот терминал за течен гас во Александруполи, потенцирајќи дека „пристаништето на Александруполи во североисточна Грција, на само 500 милји од украинската граница, освен военото значење за НАТО, брзо станува регионален енергетски центар и влезна точка во за течен природен гас на Балканот и во Источна Европа“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната