Комисијата за економски и финансиски криминал во Нигерија соопшти за апсење на генералниот сметководител, Ахмед Идрис, поради сомнение за преоверување на речиси 200 милиони долари јавни фондови.
Идрис преку членови на семејството и блиски лица инвестирал во недвижен имот во Нигерија, според податоците од Комисијата.
Нигерија со години се бори со корупција. Но, медиуми наведуваат дека успешно се гонети политичари, полицајци, како и државни службеници.
Извор: МИА