Британија: Русите бомбардираат населени места

Од:

Обемот на штетата што ја оставија руските трупи северно од Киев одразува колку руската војска е подготвена да употреби артилерија над населените области, соопшти британското Министерство за одбрана во најновиот разузнавачки извештај. Тие додаваат дека Москва најверојатно повеќе ќе се потпира на артилерија во Донбас во наредните недели.

„Во регионот Чернихив, северно од Киев, се проценува дека околу 3.500 згради биле уништени или оштетени за време на напредувањето на Русија кон главниот град на Украина. Околу 80 отсто од штетата била предизвикана на станбени згради. Ова покажува колку Русија е подготвена да употреби артилерија во населените области“, пишуваат Британците.

„Русија веројатно прибегна кон зголемено потпирање на неселективно артилериско бомбардирање поради нејзината ограничена способност за постигнување цели и неподготвеноста да преземе ризици со рутински летање борбени авиони надвор од сопствената линија на фронтот. Во следните недели, Русија најверојатно ќе продолжи многу да се потпира на масовни артилериски напади, додека се обидува да ја врати динамиката во својот напредок во Донбас“, се додава во извештајот.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски