СДСМ: Каков дебакл, пропаднатата блокада Мицкоски ја замени со протест за месец од сега

Од:

„Пропаднаа обидите на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на Собранието, „активната блокада“ издиша, па од досега невидените чекори што ги најавуваше Христијан Мицкоски му остана само да организира протест за еден месец од сега. Тоа што на Мицкоски му треба цел месец за да организира еден протест доволно говори за проблемите што тој ги има за да ја зачува фотелјата во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ“, соопшти СДСМ.

„Протестот е демократско и уставно загарантирано право, но прашањето на изборите е затворено.

Парламентарни избори ќе има во 2024 и на тие ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе бидат поразени, а претходно, ќе изгубат и на редовните претседателски избори исто така во 2024 година.

СДСМ заедно со граѓаните, заедно со парламентарното мнозинство ќе ги порази сите форми и блокади на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ќе продолжи со реализација на мерки и политики кои им помагаат на граѓаните и компаниите во справувањето со последиците од најголемата светска економска криза“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски